Недостигот на лекови со години е постојан проблем во Европската Унија, но и покрај тоа, ЕУ сè уште нема ефикасен систем за справување со овој предизвик, покажува нов извештај на Европскиот суд на ревизори (ЕСА).
Според извештајот, кризата со недостиг на лекови се влошила и достигнала рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Причината, велат ревизорите, е отсуството на заедничка рамка и координирани механизми за следење и делување на ниво на цела ЕУ.
„Недостигот на лекови е хроничен проблем за ЕУ кој само се влошува. Тоа е сериозна закана за пациентите и здравствените системи, и открива стратегиска ранливост на Унијата во снабдувањето со лекови“, изјави Клаус-Хајнер Лен, претставник на ЕСА.