Зголемувањето на отпуштањата е поврзано и со зголемената употреба на вештачката интелигенција, која веќе се користи за изработка на финансиски извештаи, како и за обработка на барања за кредити и заеми.
Европските банки би можеле да го намалат бројот на вработени за 200.000 луѓе во следните 5 години, предвидуваат аналитичарите на „Морган Стенли“.
Главните причини се пошироката примена на вештачката интелигенција и преминот кон електронско банкарство.
Секторите администрација, управување со ризици и правни работи се најмногу изложени на ризик. Се очекуваат значителни отпуштања и кај вработените во филијалите, што е последица на зголемената популарност на дигиталното банкарство и намалувањето на традиционалната услуга на шалтерите.