Европските берзански индекси се во пораст додека инвеститорите очекуваат намалување на каматите од страна на Федералните резерви.
Европските берзански индекси денес главно се во пораст, додека цените на нафтата, златото и пченицата се во пад, во пресрет на одлуката на американските Федерални резерви за каматните стапки, која ќе биде објавена во 20:00 часот.
Пазарите прогнозираат дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 25 базични поени, пренесува CNBC.
Индексот на Франкфуртската берза DAX денес во 09:15 пораснал за 0,47% на 23.426,08 поени, францускиот CAC 40 за 0,12% на 7.826,12 поени, британскиот FTSE 100 за 0,25% на 9.203,55 поени, додека московскиот MOEX паднал за 0,27% на 2.795,26 поени.