Во 2024 година во ЕУ живееле 7,5 милиони лица помлади од 18 години кои немале државјанство на членката на Унијата во која престојуваат, што претставува 9,4 проценти од вкупниот број малолетници во блокот, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.
Меѓу малолетниците странски државјани, 27 отсто биле на возраст под пет години, 29,8 проценти од пет до девет години, 27,7 отсто од 10 до 14, а 15,6 проценти биле на возраст од 15 до 17 години.
Највисока стапка на малолетници странци е регистрирана во Луксембург и тоа од 45,7 отсто, по што се следуваат Австрија и Малта каде 21,9, односно 19,3 проценти од лицата помлади од 18 години биле странски државјани.
Од друга страна, најнизок удел на странци меѓу малолетниците имала Словачка со 0,4 отсто, пред Полска со 0,8 и Романија со 0,9 проценти.