Во 2024 година, еврото било најчесто користената валута за извоз надвор од Европската Унија, односно за извоз во таканаречените „трети земји“, велат податоците од Европскиот завод за статистика – Евростат. По него следува американскиот долар со 31,4 проценти, потоа валутите на земјите од ЕУ кои не го користат еврото како средство за плаќање со учество од три проценти, додека другите валути сочинуваат вкупно 13,4 проценти. Во 20 од 27-те земји на ЕУ, еврото беше најчесто користената валута за извоз на стоки надвор од ЕУ во 2024 година. Највисоки удели на употребата на еврото во извозот на стоки во трети земји беа забележани во Словенија (91,1 проценти), Црна Гора (82,8 проценти) и Литванија (75 проценти).