Од 1 јануари 2026 година во оптек ќе бидат пуштени нови евро-кованици, со кои Европската унија продолжува со освежување на дизајнот на заедничката валута. Новите монети ќе коегзистираат со постојните и ќе важат под исти услови за плаќање во сите земји од еврозоната.
Промените главно се однесуваат на визуелниот изглед, при што е задржана препознатливоста на еврото, но со појасно истакнати симболи на европското единство, географската припадност и заедничките вредности. Кај одредени апоени има суптилни корекции во дизајнот за полесна разликување и подобра безбедност.
Од Европската централна банка информираат дека воведувањето на новите кованици е дел од поширок процес на модернизација на физичката валута, со цел да се зголеми издржливоста, да се олесни користењето и да се намалат можностите за фалсификување.
Граѓаните нема да имаат обврска да ги заменуваат старите монети, бидејќи и тие остануваат легално средство за плаќање. Новите евро-кованици постепено ќе се појавуваат преку банките и трговијата од почетокот на 2026 година.