ЕК претстави нацрт-закон и работи на дополнителни предлози, рече таа на настан во Брисел, посветен на европскиот буџет за 2028-2034 година.

– Крајно време е да постигнеме решение, треба да почнеме со отплата на подигнатите заеми. Знам дека преговорите ќе бидат тешки, додаде Фон дер Лајен.

Според неа, во следниот повеќегодишен буџет централно место ќе имаат економската кохезија и земјоделството.

– Сегашниот буџет беше направен за свет кој веќе не постои, во последните пет години постојано испробуваме што може да се постигне со него. Денес 90 отсто од трошоците се претходно распределени, предвидената флексибилност е под четири отсто. Тоа е премалку, бидејќи не знаеме што ќе се случи утре, појасни претседателката на ЕК.

Идниот буџет треба да овозможи брзи одговори, регионалните власти треба да учествуваат во изготвувањето на проектот, бидејќи потребите на терен се различни, дополни Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека почитувањето на владеењето на правото не подлежи на преговори и ќе остане услов за обезбедување европски средства.