Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија е рангиран на прво место во Извештајот од спроведениот мониторинг на државните институции за 2025 година, изготвен од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, делeјќи ја водечката позиција со Државниот завод за ревизија, со освоени максимални 51 бод.

Овој резултат претставува значаен исчекор за Фондот, особено ако се има предвид дека во 2024 година институцијата беше рангирана на 45. место со 24,5 бодa. За само една година, со истиот тим, преку истрајност, посветеност и јасна визија, Фондот успеа да се позиционира на самиот врв.

Посебна благодарност за постигнатиот резултат упатуваме до Бранко Аџигогов, Ирфан Лимани, Јованка Ѕунѕуровска, како и до вработените од сите сектори, кои со својот ангажман придонесоа за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институцијата.

Извештајот на Агенцијата за 2025 година, изготвен согласно Методологијата за спроведување на мониторинг за проактивно објавување на информации од јавен карактер, е достапен на следниот линк:
https://aspi.mk/wp-content/uploads/2025/12/ИЗВЕШТАЈ-ЗА-МОНИТОРИНГ-ДРЖАВНИ-ИНСТИТУЦИИ-2025.docx