Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, синоќа истакна дека државите глобално не располагаат со доволно зрели регулаторни и морални структури за да се справат со забрзаното ширење на вештачката интелигенција.
Таа упати апел до невладините организации “да го кренат алармот” поради дефицитот на соодветни механизми за контрола и надзор.
Според Георгиева, технолошката преобразба предизвикана од вештачката интелигенција е предводена од индустријализираните економии, особено од САД, што генерира сè поголем диспаритет со земјите во развој, кои ќе се соочат со предизвик да го достигнат нивото на технолошки прогрес.
“Најголемиот недостиг е во регулативите и етичките стандарди”, рече Георгиева пред претставници на граѓанското општество за време на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон.