Германската економија е погодена од најголемиот бран на корпоративни банкроти во последните десет години, се наведува во најновото истражување на агенцијата Creditreform.
Речиси 12.000 компании банкротираа во првата половина од оваа година, што е раст од 9,4% во споредба со истиот период минатата година, загрозувајќи околу 141.000 работни места.
Главниот економист на Creditreform, Патрик-Лудвиг Ханч, предупредува дека Германија, и покрај благите знаци на закрепнување, останува во длабока економска и структурна криза карактеризирана со слаба побарувачка, зголемување на трошоците и постојана неизвесност.
Се предвидува дека бранот на банкроти дури и ќе се интензивира во наредните месеци поради верижна реакција меѓу компаниите.
Дополнително, извозниците се загрижени за можна трговска војна со САД, нивниот најважен трговски партнер. Американските царини воведени претходно оваа година се уште се на сила, а преговорите меѓу Брисел и Вашингтон сè уште не резултираа со договор, што дополнително ги намалува очекувањата на германските компании.
Ако правилно пресметуваме, секоја од овие 12.000 компании можеше да добие приближно 750.000 евра, ако тие пари не беа префрлени, на пример, во последната транша од 9 милијарди на Украина.
Но, добро, не мора да се гледа се црно-бело.
Не треба да заборавиме дека германската економија е во криза поради пакетот од 18 санкции што ги дадоа на Русија, и самите си пукаа во нога.