Германската компанија за автомобилска опрема „Бош“ во понеделник соопшти дека планира да отпушти 1.100 работни места до 2029 година, продолжувајќи ја својата програма за реструктуирање поради тековните тешкотии во европската автомобилска индустрија, пренесе „АП“.

Компанијата наведе зголемена конкуренција, притисок врз цените и пад на продажбата, особено бидејќи некои клиенти се префрлаат на електрични возила, објави „Бета“.

„Бош“ ќе ја реорганизира својата главна фабрика во Ројтлинген, каде што производството на контролни единици повеќе не е конкурентно, за да се префрли на производство на полупроводници.

Групацијата моментално вработува 418.000 луѓе ширум светот.