Германскиот федерален завод за статистика во Визбаден објави дека германските граѓани штедат помалку оваа година, но многу повеќе во споредба со другите земји.

Во просек, Германците издвојуваат една десетина од своите приходи секој месец за штедење, но благодарение на начинот на кој инвестираат, штедачите во другите земји се многу поуспешни, објавува германскиот неделник „Шпигел“.
Во првата половина од 2025 година, стапката на штедење на приватните домаќинства во Германија била 10,3 проценти, односно на секои 100 евра расположлив доход, просечно се издвојувале 10,30 евра.
На месечна основа, ова е малку помалку од 270 евра по глава на жител, според соопштението на Германскиот федерален завод за статистика.
На долг рок, моменталната стапка на штедење е сè уште приближно иста како просекот пресметан од 2000 година, а пресметките на Федералниот завод за статистика за 2024 година покажаа дека таканаречената бруто стапка на штедење од 20 проценти во Германија е значително над просекот на ЕУ од 14,6 проценти.