Годишната инфлација во Еврозоната за јули, според прелиминарните „кратки“ проценки, изнесува два проценти, што е исто како и во јуни, објави денес Евростат.
Во секторот на услуги во Еврозоната, во јули е забележана инфлација од 3,1 процент на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со 3,3 проценти во јуни.
Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3,3 проценти на годишно ниво, побрзо темпо од 3,2 проценти во јуни, а цените на неенергетските индустриски стоки се зголемија за 0,8 проценти на годишно ниво, исто така забрзувајќи се од 0,5 проценти во јуни.