Бруто домашниот производ порасна за 3,4% во април, мај и јуни, особено раст има во секторите Градежништвото и Транспорт и складирање, кои што се двигатели на македонската економија. Само градежништвото во вториот квартал годинава порасна за 7,3% што е уште посолен раст од тој во првиот квартал од 7,1%, додека секторот Транспорт и складирање порасна за 6 %.

– Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење, растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија – напиша на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт , Александар Николоски.