Цените на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 73 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за еден денар, и ќе изнесува 75 денари по литар.

Се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68 денари по литар.

За 0,5 денари се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство и од 68, од утре ќе се продава за 67,5 денари. Само цената на мазутот останува непроменета, односно 36,7 денари по килограм.