Нема што нема поскапено од храна до бела тејника, рестораните стануваат луксуз а одењето во кино и театар се потешко замисливо. Маркетите и пазарите тежат од овошје и зеленчук но се почесто може да се слушне реченицата „ да разгледаме ќе се вратиме“.

Граѓаните во неверување велат ситуацијата е доведена на купи ден помини. Наспроти тврдењата на граѓаните, министерот Бесар Дурмиши тврди дека дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи – ССМ возвратија дека оние цени коишто ги плаќаат граѓаните се повеќе од нереални.

Несфатливо е како функционерите кои стигнаа енормни плати сега да зборуваат дека ако покачат плата на работникот ќе се зголемела инфлацијата. Достоинствен живот за работникот станува сон а додека за функционерите реалност.

„Многу е безобразно да зборувате дека со покачување на плата ќе се зголеми инфлацијата. Од една страна само ги покачувате платите на функционерите а не ги покачувате платите на работниците. Морам да нагласам дека инфлацијата предвреме ги изгриза и на вработените и пензиите на пензионерите, и на студентите и на сите граѓани имајќи во предвид дека многу енормно се зголемија цените на основните продукти за живот пресметувајќи се она што ние го имаме во синдикалната кошничка која што уште ќе биде поскапа на 20 овој месец кога ќе ја објавиме.“ – вели потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски.

Од Сојузот на стопански комори сметаат дека стапката на инфлација е очекувана, бидејќи имало покачување на платите.

Државниот апарат ако не се вклучи и да види од каде има црни пари во државата, каде се трошат и како се подгрева инфлацијата а со тоа стагнираат платите и пензиите во тој случај не сме направиле ништо.

„Она што со сигурност можам да го кажам е дека цените и понатаму ќе растат имајќи во предвид дека се зголемува побарувачката поради наши сознанија поради огромен фонд на црни пари и се уште исплаќање пари во плик и сето тоа што ја подгрева побарувачката нормално е да ја подгрева и потрошувачката и тие пари да се вртат во државата без притоа да реагира државниот апарат преку пазарниот инспекторат, инспекторатот за труд, обвинителство и т.н.“- вели потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски.

Според податоците на Државниот завод за статистика за една година животот поскапел за 3,3 проценти

И додека трае битката за докажување дали имало или немало инфлаација, граѓаните велат на нив ќе остане да пресметаат дали ќе јадат цреши и грозје или ќе отидат на пазар како на шопинг на разгледување.