Луѓето низ цела Европа се жалат на зголемувањето на трошоците за греење и на тоа што немаат доволно пари за да платат за соодветно греење во своите домови. Проблемот е најизразен во Бугарија и Грција.
Речиси еден од десет луѓе во Европската Унија изјавил дека нема доволно финансиски средства за соодветно греење на своите домови. Проблемот е најизразен во Бугарија и Грција, додека е најмалку присутен во Финска.
Во Германија, најголемата економија во Европа, повеќе од пет милиони луѓе минатата година изјавиле дека не можат соодветно да ги загреат своите домови. Сепак, тие 5,3 милиони, или 6,3 проценти од населението, претставуваат подобрување во споредба со 2023 година, кога 8,3 проценти од жителите изјавиле дека немаат пари за греење, наведува Германскиот федерален завод за статистика.
Ова ја става Германија под просекот на Европската Унија во однос на достапноста на греење. Просекот во ЕУ е 9,2 проценти, што е исто така намалено од 10,6 проценти во 2023 година.
Најголемиот број жители во Бугарија и Грција пријавиле во 2024 година дека не можат соодветно да ги загреат своите домови. Во обете земји, речиси еден од пет жители (по 19 проценти секоја) изјавиле дека го имаат овој проблем. Литванија следи со 18 проценти.
Германскиот дневен весник „Тагешау“ објави дека овој проблем бил најмалку изразен во: Финска (2,7 проценти), Словенија (3,3 проценти) и Полска (3,3 проценти).