Цените на грозјето руши рекорди. Плодот на виновата лоза годинава се продава по највисока цена досега. Тоа го признаваат и лозарите, но и Државната статистика минатата недела излезе со информација дека овошјето, вклучително и грозјето е зголемено за над 33 проценти, а трошоците на земјоделците се зголемени за само три насто…

Над 100 илјади тони грозје се очекува од овогодинашниот гроздобер, за 25 милиони килограми повеќе од лани. Ова се должи на поефикасното менаџирање со водата, велат од Земјоделство. Цената е највисока до сега, според направените анализи, според Трипуновски трошоците на лозарите се намалени, а добиваат и зелена нафта и субвенции.

И покрај зголемената цена на грозјето лозарите велат дека не е доволна да ги покријат трошоците. Бараат да се почитува Законот за вино и откупните цени да бидат повисоки од предвидените за висококвалитетното грозје со повеќе шеќерни единици.

Лозарите реагираат и за исплатата на рати од страна на винариите, чиј одговор е дека го запазуваат законскиот рок. Со систем на географските ознаки ќе се овозможи заштита на идентитетот и уникатноста на македонското вино велат од винариите.

85 отсто од виното произведено во земјава се извезува во странство.