• Во следните четири години ќе се отворат 50 нови продавници во Западен Балкан
• Првата продавница на „Флајинг Тајгер Копенхаген“ (Flying Tiger Copenhagen) ќе биде отворена во октомври во Скопје, Северна Македонија
• Преку партнерството ќе се креираат приближно 400 нови работни места во пет земји
Групацијата „Балфин“, една од најдинамичните и најдиверзифицирани инвестициски групации во Западен Балкан, заедно со „Флајинг Тајгер Копенхаген“ (Flying Tiger Copenhagen), светски признаениот дански малопродажен бренд познат по своите иновативни и игриви производи, влегоа во стратешко партнерство за отворање на 50 продавници во регионот на Западен Балкан во следните четири години.
Овој историски договор претставува значаен чекор во унапредувањето на регионалните малопродажни еко-системи и ја потврдува посветеноста на двете компании кон одржлив развој, потрошувачки-фокусираните иновации и прекуграничната соработка. Тој ја одразува мисијата на групацијата „Балфин“ да ги направи достапни глобалните брендови и искуства на Западен Балкан и да ја поддржи амбицијата на „Флајинг Тајгер Копенхаген“ да го прошири своето присуство на пазарите со голем потенцијал.
Првата продавница ќе биде отворена во октомври 2025 во Скопје, Северна Македонија, по што ќе следуваат отворања на продавници во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
„Градејќи го нашето силно присуство во Европа и успешниот влез во Турција во октомври 2024, увидовме дека Западен Балкан е природен следен чекор во нашата експанзија. Регионот е ‘гладен’ за меѓународни брендови и е отворен за креативни и достапни производи што совршено се совпаѓа со концептот на ‘Флајинг Тајгер Копенхаген’. Воодушевени сме што влегуваме во овој дел од Европа и со нетрпение очекуваме да допреме до потрошувачите од Западен Балкан наскоро“, изјави Јулиус Шмидт, регионален директор на „Флајинг Тајгер Копенхаген“ за Индија, Блискиот исток и Африка (IMEA).
Стивен Грунеруд, потпретседател за стратешки развој во групацијата „Балфин“, го опиша партнерството како моќна конвергенција на заеднички вредности и стратешки визии: „Како лидер во малопродажниот сектор во Југоисточна Европа, групацијата ‘Балфин’ претставува порта за врвните меѓународни брендови кои сакаат да влезат на овој жив и брзорастечки пазар. Соработката со ‘Флајинг Тајгер Копенхаген’ е доказ за нашата верба во долгорочни партнерства кои им носат вредност и квалитет на нашите потрошувачи.“
Надвор од комерцијалните димензии, партнерството е поставено да генерира значителна социоекономска вредност за регионот. Очекувано е да се креираат приближно 400 нови работни места во пет земји, со фокус на локални оперативни позиции кои директно ќе придонесуваат во економското зајакнување и развојот на работната сила.
Групацијата „Балфин“ и „Флајинг Тајгер Копенхаген“, заедно, ги поставуваат темелите на модерно, достапно и привлечно малопродажно искуство што резонира со потрошувачите и ги поттикнува локалните заедници, поставувајќи репер за меѓународни партнерства во Западен Балкан.

За „Флајинг Тајгер Копенгахен“ (Flying Tiger Copenhagen)
Oснована во 1995 год., Flying Tiger Copenhagen има над 1000 продавници во 38 земји низ светот. Брендот е познат по своите скандинавски корени, препознатлив визуелен идентитет и мисија да им понуди на своите потрошувачи функционални и уникатни производи и незаборавно потрошувачко искуство. Нивниот асортиман вклучува различни категории на производи како декорации за дом, кујнски прибор, играчки, канцелариски прибор, материјали за забави и сезонски производи за празнични прослави.
Воден од филозофијата дека „побогат живот не мора да чини цело богатство“, брендот е фокусиран на производи и искуства кои ги приближуваат луѓето и создаваат моменти за паметење. Flying Tiger Copenhagen е посветен на целите за одржлив што е видливо во нивното работење и дизајнот на производите.
За повеќе информации, посетете ја: www.flyingtiger.com
За групацијата „Балфин“ (BALFIN Group)
Oснована во 1993 год. во Виена од Самир Мане, групацијата „Балфин“ денес е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и САД. Групацијата има 5.500 вработени и има диверзифицирано инвестициско портфолио кое вклучува банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, енергетика, транспорт и логистика, образование, како и сектор на забава. Од 2023 год. општествените иницијативи на групацијата се консолидирани под фондацијата „Мане“ за поефективен придонес кон зајакнувањето на заедниците.