Говорејќи на Националниот одбранбен форум Реган во американската држава Калифорнија, Хегсет го поздрави договорот на НАТО за значително зголемување на одбранбените трошоци, пренесе ДПА.

– Сојузниците за пример кои се активираат како Израел, Јужна Кореја, Полска, сè повеќе Германија, балтичките земји и другите ќе ја добијат нашата посебна наклоност, рече тој.

Тој додаде дека САД очекуваат слични придонеси од другите сојузници, а оние кои нема да ги исполнат своите обврски би можеле да се соочат со последици.

Договорот на НАТО од јуни, под влијание на војната на Русија против Украина и притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, поставува цел земјите-членки да трошат најмалку 3,5 отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, плус дополнителни 1,5 проценти за проекти поврзани со одбраната, како што е инфраструктурата.

До 2035 година, се очекува трошоците да достигнат пет отсто од БДП, што е највисоко ниво од Студената војна. Германија има за цел да ги зголеми своите одбранбени трошоци на 3,5 проценти од БДП до 2029 година.