Просечната месечна нето плата исплатена по вработен  во Република Хрватска за јуни 2025 година изнесуваше 1.444 евра, што е номинално пониско за 0,5 проценти и 0,7 проценти пониско во реалност во споредба со мај 2025 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Просечната месечна бруто плата по вработен во Хрватска за јуни 2025 година изнесуваше 2.008 евра, што е номинално пониско за 0,5 проценти и 0,7 проценти пониско во реалност во споредба со мај 2025 година.

„Највисока просечна месечна исплатена нето плата по вработен  за јуни 2025 година е исплатена во дејноста Воздушен транспорт, во износ од 2.279 евра, а најниска во дејноста Производство на облека, во износ од 926 евра. Највисока просечна месечна бруто плата по вработен  за јуни 2025 година е исплатена во дејноста Воздушен транспорт, во износ од 3.317 евра, а најниска во дејноста „Производство на облека, во износ од 1.212 евра“, наведуваат од хрватскиот ДЗС.