Цените во рестораните и кафулиња веќе не се прифатливи за сечиј џеб. Ниту угостителските објекти не останаа имуни на поскапувањето на производите. Угостителите пак на став, на растот на цените влијаат и покачените плати на вработените…
Кафе од 80 денари, помфрит над 200, салата до 300 денари, пица, порција пилешко или свинско месо до 400 денари … и цените во кумановските кафулиња и ресторани не останаа имуни на покачувањата. Зависно од локацијата на објектот, се дефинира и цената. Но разлика е минимална. Граѓаните со забелешки, не сечиј џеб може да си дозволи оброк во угостителски објекти. Повеќето поминуваат само со кафе. Но сепак кафеаните исполнети до последното место.
„Не можеме да си дозволиме, можеме да нарачаме едно кафе прескапо да го платиме и час-два да поминеме така, да глумиме дека нешто пиеме. Самата држава треба да си направи политика, програма за самите угостители. Тој ако му оди пазар зошто да не ги качи цените и јас да сум ќе качам дупло. На пример земи го Охрид поскап е и од Грција, Јадран“-вели еден граѓанин.
„Прескапо е но може нешто мало, кој има повеќе примања, ние пензионерите послабо за кафе, сок, ручек потешко“-дополнува друг.
„Тоа е задоволство, да се седне но стандардот на луѓето зависи од пензии, плати, приходи“-нагласува трет.
Угостителите на став добавувачите ги покачиле цените на производите. Сепак тврдат владините мерки дале резултат и цените се задоволителни. Дополнително влијание имаат и повисоките плати во угостителскиот сектор. Но годинава бележат помал сезонски одлив на вработените. Во кумановскиот регион велат може да се дозволи оброк во кафеана.
„Сите чинители во угостителскиот сектор од кувари до келнери цените се драстично покачија со цел да се задржи таа работна сила што ја имаме и мислам дека и тоа вроди со плод. Оваа година е значително намален одливот на кадри, како што беше минатата и претходните години. Мислам дека дали 20-30 отсто од ланската година заминаа во земјите во регионот претежно Хрватска, Црна Гора, скоро се изедначивме со платите и не верувам дека веќе се атрактивни тие држави“-истакна претседателот Тони Димитриевски, претседател Здружение на угостители „Бисер“ Куманово.
Пресметките на државниот завод за статистика покажуваат дека во јули годинава цените на храната во угостителските објекти се зголемени за 8,1 отсто во споредба со просекот од лани. Најмногу поскапеле салатите дури 15 проценти.
Податоците покажуваат и дека граѓаните најмногу конзумираат безалкохолни пијалаци, но и кафе. Најмногу пари во угостителскиот сектор пак носи храната.