Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја запре постапката, соопштија од Уставниот суд.

Во сила останува линеарното зголемување на пензиите. Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја запре постапката, соопштија од Уставниот суд.

На 19.11.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кој всушност се овозможи линеарно зголемување на пензиите.

– Во овој случај беше поведена постапка и во ваква ситуација треба да се донесе конечна одлука. Кога предлогот за конечна одлука не добива мнозинство, Судот ја запира постапката, а актот останува во правниот поредок- брифират од Уставниот суд.

Членот 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој останува во правниот поредок гласи:

„Сите видови на пензии, кои се исплаќаат во Република Северна Македонија, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50% на порастот на индексот на трошоците на живот и 50% на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи, објавени од Државниот завод за статистика, се дели со вкупниот број на корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 31 август 2025 година, односно 28 февруари 2026 година.

Колкав е износот на линеарното зголемување што треба да се исплати со мартовската пензија треба да се пресмета и официјално да се соопшти.