Нов месец, нов раст на инфалцијата. Државниот завод за статистика пресмета раст на годишно ниво од 4,8%, на месечно од 1,1“%.

Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %. Во јули поскапело се, но најмногу храната .

Државен завод за статистика

„Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9 %, Рекреација и култура за 2.1 %, Ресторани и хотели за 1.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.“ – соопштија од Државниот завод за статистика.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека состојбата е таква каква што е кој има повисоки примања ќе си дозволи храна кој не ќе бара чаре. Тврдат дека едвај врзувата крај со крај.

И додеја граќаниете едвај врзуваат за живот , само пред два дена премиерот Хрситијан Мицксоки, кој во последниот месец неколкупати најави мерки наскоро, порача дека aнализите се уште траат .