Проекциите за наредната година се дека инфлацијата ќе се движи меѓу два и три проценти. На тоа ниво се очекувањата на Владата и за нивото на базичната инфлација, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште четири поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за договорено покачување на цените на производите.

– Да оставиме Антимонополската комисија да си ја заврши својата работа. Мислам дека наскоро ќе има и разврска – рече премиерот Мицкоски.