Годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 2,1 процент во октомври 2025 година, што е мало намалување во споредба со 2,2 проценти во септември. Една година претходно, инфлацијата изнесуваше 2,0 проценти, според ревидираните податоци од статистичката служба на ЕУ.
Во Европската Унија, инфлацијата изнесуваше 2,5 проценти во октомври, во споредба со 2,6 проценти во септември, додека минатата година изнесуваше 2,3 проценти, според Евростат.
Во споредба со септември 2025 година, инфлацијата се намали во петнаесет земји-членки, остана стабилна во три и се зголеми во девет. Најниски годишни стапки на инфлација се забележани во Кипар (0,2 проценти), Франција (0,8 проценти) и Италија (1,3 проценти). Највисоки стапки се регистрирани во Романија (8,4 проценти), Естонија (4,5 проценти) и Латвија (4,3 проценти).