Иранската влада соопшти дека го забранува извозот на храна и земјоделски производи поради тековниот конфликт со Израел и САД.

„Извозот на сите прехранбени и земјоделски производи е забранет до понатамошно известување“, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на владино соопштение.

Владата дава приоритет на снабдувањето на населението со основни добра, пишува Бета.

Иран активираше план за непредвидени ситуации во саботата, по почетокот на офанзивата што ја започнаа САД и Израел.