Кинескиот министер за трговија Ванг Вентао денес изјави дека Кина е подготвена „активно“ да го прошири увозот од Европската Унија. Исто така, се надева дека блокот од 27 земји ќе ги олабави контролите врз извозот на високотехнолошка стока во Кина и ќе се воздржи од политизирање на трговските прашања.
На маргините на состанокот на Светската трговска организација во Камерун, Ванг Вентао му рече на европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ дека Кина, исто така, се надева дека ЕУ ќе го разгледа развојот на земјата „рационално и објективно“, објави Ројтерс денес.
Кинескиот министер му рече на својот европски колега дека Кина се надева дека ЕУ правилно ќе ги реши разликите и дека заеднички ќе го промовира развојот на билатералните економски и трговски односи.