Кина е подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД, изјавил кинескиот министер за трговија Ванг Вентао по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, одржана на маргините на состанокот на Светска трговска организација во Камерун.
Вентао истакнал дека економијата и трговијата треба да бидат двигател на односите меѓу Кина и САД и оти двете страни треба „правилно да го раководат односот меѓу конкуренцијата и соработката“.
Истовремено повикал на зајакнување на меѓусебната соработка, избегнување „штетна конкуренција“, сето во насока на унапредување на билатералните економски односи.
Кинескиот министер изразил и „сериозна загриженост“ поради американските забелешки за наводни нефер трговски практики, а во врска одлуката на Вашингтон да покрене нова серија истраги против повеќе од 60 држави меѓу кои и Кина, поврзани со прашањето за принудна работа.