Кина од утре воведува антидампинг царини за дел од европските жестоки алкохолни пијалаци, особено за францускиот коњак, објави кинеското Министерство за трговија.

Царините, што ќе важат пет години и нема да се применуваат ретроактивно, ќе се движат од 27,7 до 34,9 проценти.

Кина воведува антидампинг цени по истрагата за трговијата со коњак, а Европска Унија (ЕУ) претходно истражуваше кинески субвенции за електрични возила.

Истражното тело конечно пресуди дека имало дампинг на поврзани пијалаци увезени од ЕУ. Домашната индустрија за бренди на Кина се соочува со закана од материјална штета. Постои причинско-последична врска помеѓу дампингот и заканата од штета, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија.

Покрај пијалаците, Кина почна и истраги за европските свински и млечни производи.

Кина првично објави привремени царини од 30,6 до 39 проценти за францускиот производител на коњак „Реми Мартин“ и неколку други европски брендови, бидејќи повеќето земји од ЕУ одобрија царини за електрични возила произведени во Кина.