Во текот на 2024 година, највисока стапка на слободни работни места во Европската Унија е забележана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, и изнесува 8,4 проценти, покажуваат најновите податоците на Евростат. Ова значи дека токму во оваа професија е забележана најголемата незадоволена побарувачка за работна сила, што укажува на можни тешкотии во вработувањето соодветен персонал.
„Овие податоци се делумно собрани со користење на новиот извор на податоци за онлајн огласи за работа (OJA) и затоа се објавени како експериментална статистика“, соопшти Евростат. Следните занимања со највисоки стапки на слободни работни места се индустриските работници во преработувачката индустрија и другите административни вработени (7,3 проценти), другите продажни работници (6,1 процент), како и стручните соработници во уметноста, културата и готвењето (6 проценти).
Во текот на 2024 година, највисока стапка на слободни работни места во Европската Унија е забележана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, и изнесува 8,4 проценти, според податоците на Евростат. Ова значи дека токму во оваа професија е забележана најголемата незадоволена побарувачка за работна сила, што укажува на можни тешкотии во вработувањето на соодветен персонал.
Евростат објасни дека иако занимањата во јавниот сектор, како што се здравствените работници и наставниците, исто така се соочуваат со тешкотии при вработувањето, тие се помалку рекламирани преку Интернет, поради што се рангирани пониско или воопшто не се вклучени во овие податоци. Од друга страна, ИТ занимањата може да бидат преценети во статистиката врз основа на интернет огласи за работа.
Евростат забележува дека стапката на слободни работни места ја мери незадоволената побарувачка за работна сила со поврзување на бројот на слободни работни места со вкупниот број на слободни и пополнети работни места.