Еврото и доларот продолжуваат да доминираат во трговијата на Европската Унија со остатокот од светот. Според извештајот на Евростат за изминатата година, еврото е најкористената валута во извозот, додека доларот го задржа својот примат во увозот. Bо 2024 година, eврото се користело во 51,7 отсто од сите извозни трансакции со земји надвор од Европската, а доларот имал удел од 31,4 отсто.

Националните валути на членките на Европската Унија се користеле во три отсто од трансакциите, а другите светски валути имале учество од 13,4 отсто.

Најголема употреба на еврото во извозот е забележана од Словенија 91,1 отсто, Хрватска со 82,8 отсто и Литванија 75 отсто. Во 2024 година, шест земји од Европската Унија го користеа доларот како главна валута во извозот, при што најголем удел регистриран е во Кипар 69 отсто, Ирска 68,9 отсто и Грција 52,7 отсто.

За трансакциите при увоз, доларот се користел во 51,1 отсто од плаќањата надвор од Европската Унија, додека еврото било присутно во 39,7 отсто.

Другите валути на членки на ЕУ учествувале само со 1,6 отсто, додека учеството на другите светски валути бил седум отсто. Најголема употреба на долари во увозот имала Литванија со 65,5 отсто, Холандија 63,8 отсто  и Финска со 63,5 отсто.

Еврото било доминантно во увозот на девет членки на Европската Унија, меѓу кои се издвојува Словенија со учество од 82,8 отсто, Латвија 65,2 отсто и Словачка 65,1 отсто.

Позначаен удел во употребата на национални валути е забележан во Чешка (23,9 отсто) и Данска (12,3 отсто), пренесува B92.