Комерцијална банка и оваа година останува посветен поддржувач на активностите на Националниот совет за родова рамноправност, продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.
Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.
А, преку својата општествено одговорна акција „Биди своја, биди силна!“, Банката активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците во кои не треба да бидат оставени сами.
Континуираната поддршка на активностите на НСРР ја потврдува нашата посветеност и заложба кон родова еднаквост, достапна помош на оние кои им е најпотребна и поттик гласот на жената да биде слушнат.