Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни СМС пораки, при што испраќачот лажно се претставува во име на Комерцијална банка и известува за неможност за користење платежната сметка доколку не се изврши ажурирање на податоците преку кликање на линк.
При кликање на линкот се бара да се внесе телефонски број, податоци за платежна картичка (број на картичка, датум на важност, CVV) и други лични податоци.
Комерцијална банка никогаш нема да побара ажурирање на лични и доверливи податоци преку СМС, електронска пошта или кликање на линк. Лични и доверливи податоци во Комерцијална банка може да се ажурираат на шалтерите на Банката, преку електронско банкарство и со електронска идентификација преку OneID.
Целта на лажните пораки е прибирање на твои податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер со цел нивна злоупотреба и затоа треба да ја игнорираш.
Доколку добиеш ваква порака, не кликај на линкот и веднаш избриши ја!
Сподели ја информацијата на сите на кои мислиш дека ќе им биде од корист.