Комерцијална банка е горда на својата поддршка за македонската книжевност и со особено задоволство и оваа година ја врачи наградата „Роман на годината“ на добитничката Калина Малеска за романот „Светот што го избрав“.
Како Генерален покровител на оваа престижна наградата веќе 8 години, Банката заедно со Фондацијата „Славко Јаневски“ ја слави и ја промовира македонската литература.
Директорот на Самостојната дирекција за маркетинг, Андреј Јовковски, имаше чест да ѝ ја врачи наградата на авторката Малеска, посакувајќи и уште многу инспиративни страници, книжевни успеси и нови читатели.
„Минатата година имав особена чест да ја врачам јубилејната 25-та награда „Роман на годината“. Годинава е уште една јубилејна година, во која Комерцијална банка одбележува 70 години постоење. Затоа ми претставува огромно задоволство што и оваа година, во која Банката го слави својот успех, но и својот придонес за општеството, културата и уметноста, имам голема чест да му честитам на новиот лауреат и да му ја врачам оваа вредна и престижна награда“, истакна Јовковски при доделувањето на наградата.
И оваа година Комерцијална банка обезбеди финансиска поддршка за „Роман на годината“ во износ од 360.000 денари, од кои 150.000 денари се парична награда за лауреатот, а останатиот дел е наменет за паричен надоместок за членовите на жири-комисијата, за плакета и оригинална статуетка.
Оваа престижна награда прерасна во репер за книжевна вредност и креативна смелост, а Комерцијална банка верува дека со поддршката на вакви иницијативи го збогатуваме културниот пејзаж и создаваме трајни придобивки за генерациите што доаѓаат.