Клиентите од Кавадарци отсега ќе имаат пристап до најсовремени банкарски услуги благодарение на новата, целосно реновирана филијала на Комерцијална банка. Со нов, модерен изглед и дигитална зона достапна 24 часа во денот, оваа филијала претставува значаен чекор кон унапредување на банкарското искуство и дигиталната трансформација на целиот регион.

Во дигиталната зона клиентите ќе можат во секое време да користат:

  • Два банкомати, од кои едниот овозможува и уплата и исплата на готовина,
  • Дигитален киоск за плаќање сметки кон ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел, без провизија и без чекање на шалтер,
  • Печатење на извод од трансакциска сметка за корисниците со Интернет банка,
  • Пристап со било која банкарска картичка, без потреба од дополнителни потврди.

Покрај дигиталната зона, филијалата располага и со модерни шалтери, каде што клиентите можат да ги користат сите стандардни банкарски услуги:

  • Отворање на денарски и девизни сметки,
  • Внатрешни и меѓународни плаќања,
  • Брз трансфер на средства и менувачко работење,
  • Апликации за кредити, картички и дозволено пречекорување,
  • Купување удели во инвестициски и пензиски фондови,
  • Склучување осигурување,
  • Е-commerce решенија за бизниси кои сакаат да растат преку дигитална трансформација.

Работното време на филијалата е од понеделник до петок, од 8 до 16 часот, а во сабота од 9 до 12 часот.

Од Комерцијална банка велат дека оваа инвестиција претставува дел од стратегијата за унапредување на корисничкото искуство и јасен сигнал за поддршка на локалната економија.

„Горди сме што преку оваа инвестиција не само што обезбедуваме подобрена услуга за нашите клиенти, туку и придонесуваме за економскиот развој и дигитална трансформација на целиот кавадаречки регион“, велат од Банката.