Комерцијална банка нуди нов промотивен период за станбените кредити, достапни без трошоци за одобрување и процена на имот до 30 јуни 2025 година. Со оваа понуда, Банката им овозможува на граѓаните полесно да стигнат до својот нов дом или да инвестираат во недвижен имот.

Кредитот се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% во првите пет години, а достапна е и опција со вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје. Оваа можност нуди дополнителна сигурност и финансиска стабилност при реализација на една од најважните животни одлуки.

Станбениот кредит може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на станбен или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Од Комерцијална банка велат дека оваа понуда е креирана за да одговори на реалните потреби на граѓаните, нудејќи флексибилност, сигурност и поддршка во процесот на станбено решавање.

Дознај повеќе за условите и пресметај рата