Комерцијална банка со поволни услови ќе овозможи брзи и лесни трансакции во евра во земји членки на СЕПА.
Банката прави уште еден чекор напред во понудата на напредни и конкурентни услуги, со што граѓаните и компаниите ќе можат да ги намалат своите трошоци за меѓународни трансфери во евра кон СЕПА земјите.
Со новите пониски надоместоци и со поедноставени процедури ќе вршат поевтини и побрзи трансфери за испраќање и прилив во евра кон земји членки на СЕПА.
Новата услуга за овозможување кредитни трансфери во евра преку европската платежна шема SEPA (Single Euro Payments Area) ќе биде достапна од 7 октомври 2025.
Досегашните провизии за плаќања и приливи во евра за физички лица се намалуваат повеќекратно.
За најниските износи на приливи до 29,99 евра, надоместокот ќе изнесува само 10 денари, а за кредитни трансфери до 29,99 евра само 60 денари.
За најголем дел од кредитните трансфери преку Интернет банка клиентите ќе плаќаат до 300 денари, а за кредитни трансфери во евра преку шалтерите на Банката до 360 денари.
Највисокиот надоместок за приливи над 10.000 евра ќе изнесува 300 денари, а за кредитни трансфери 600 денари.
За клиентите правни лица, исто така, се воведуваат пониски тарифни ставки со фиксни износи за кредитни трансфери и приливи од земји членки на СЕПА, кои се и до неколкукратно намалени во однос на досегашните надоместоци.
Комерцијална банка е меѓу првите банки во земјава што воведува тарифник за СЕПА плаќања согласно препораките на Народната банка на Република Македонија. Целта на Банката е преку воведување економични финансиски решенија и напредни дигитални технологии да им овозможи на клиентите едноставно и ефикасно управување со секојдневните финансии и да ја поттикне дигиталната трансформација во земјата.
Ова е уште една потврда за посветеноста на Банката на создавање брзи, сигурни и економични решенија што се прилагодуваат на потребите на клиентите, без разлика дали станува збор за физички лица, компании или деловни субјекти кои работат со партнери низ Европа.