Комерцијална банка и оваа година остави силен белег на Виз Ер Скопскиот маратон 2025, настапувајќи со рекордни 170 тркачи, меѓу кои и учесник на најдолгата дисциплина од 42 километри.
Како Златен партнер на трката на 5 километри, Банката ги награди најбрзите учесници во машка и женска конкуренција со подарок-картички во вредност од 5.000, 3.000 и 1.000 денари за прво, второ и трето место.



Марјан Мучев од КБ го истрча својот прв маратон и заврши на 108 место од 356 учесници, додека Миомир Алексовски имаше извонреден резултат во полумаратонот од 21 км, пласирајќи се на 6-то место во македонска конкуренција и на 18-то место во генералниот пласман. Во истата трка настапија и вработените Драган Гоговски (154-то место) и Маријан Шамоски (165-то место).



Во женска конкуренција на полумаратонот, Снежана Димовска го освои 33-то место, додека Софија Костова Панковска и Лиле Гечева се пласираа на 237-то и 278-то место.
На плоштадот Македонија, КБ Зоната беше едно од најпосетените места на маратонот, каде вработените, учесниците и посетителите споделија спортски дух и тимска енергија.



Комерцијална банка е горда на целокупниот свој придонес за Скопскиот маратон, кој претставува еден од најубавите спортски настани во земјава затоа што собира спортисти буквално од целиот свет и поттикнува здрави навики, пријателство и спортски дух кај голем број граѓани.


