Комерцијална банка А.Д. Скопје информира дека исплатата на пензиите започнува денеска.

Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија уште истиот ден. Од Банката потсетуваат дека плаќањето со картичка е побезбедно и поудобно, без потреба од готовина – било во продавници, онлајн, или при подигање готовина од банкомат.

Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 30 декември и во секој работен ден после тоа.