Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, би можела да се повлече од таа позиција пред крајот на нејзиниот осумгодишен мандат во октомври 2027 година, објави „Фајненшл тајмс“ (FT), наведувајќи дека нејзиното заминување би можело да се случи пред претседателските избори во Франција следната година.

Британскиот весник, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со нејзините планови, објави дека Лагард сака да се повлече пред француските избори за да можат францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц да се договорат за нејзиниот наследник.

Не е прецизирано кога евентуално би можела да се повлече.