Европа треба посилно да го унапреди својот единствен пазар како реакција на царинските мерки на САД, смета претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.
“Секако, САД се значајна сила и важен трговски партнер за нас, но сега е време да се фокусираме на сопствените предизвици и да создадеме повеќе економска сила дома.“
Таа ја нагласи потребата Европа да го искористи огромниот свој потенцијал преку слободно движење на стоки, капитал и луѓе во рамките на Унијата, нагласувајќи дека тоа е клучот за поефикасна заедница.
Лагард апелираше кон отстранување на внатрешните бариери и на усогласување на процедурите за лиценцирање како и на други национални правила, со цел зајакнување на европската конкурентност и интеграција.