Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека глобалната економија сè уште не ги почувствувала целосните последици од царините што ги воведе претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нагласувајќи дека „ударот допрва доаѓа“.
Во разговор за емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес, Лагард рече дека во одреден момент извозниците и увозниците, кои во моментов го носат товарот на царините, ќе мора да ги префрлат трошоците на потрошувачите.
„Две третини од царинските трошоци во моментов ги сносат две страни, извозникот и увозникот, преку намалување на нивниот профит. Прашањето е колку долго ќе се согласат на намалените маржи. Кога ќе одлучат дека повеќе не можат да го издржат притисокот, трошоците ќе паднат на потрошувачите. Само прашање на време е“, истакна Лагард.