Додека цените на нафтените деривати на светските пазари осцилираат од час во час, цените на бензинските пумпи во Македонија остануваат тврдоглаво високи согласно куповната моќ, реагираат од Левица. Ова, како што додаваат е резултат на систем во кој државата и нафтените компании функционираат во симбиоза на штета на граѓаните. наместо вистинска конкуренција и брзо пренесување на падот на цените до потрошувачите, пазарот на горива кај нас, оценуваат од оваа партија, е силно концентриран во рацете на неколку големи компании, кои практично ја диктираат ценовната политика.