Виза картичките повторно се во целосна функција на сите бензински станици, информираат од Лукоил Македонија. За плаќањата на овој начин нема никакви ограничувања, а сите услуги се достапни и без промени.

Краткотрајниот прекин кој стартуваше на почетокот од месецов, беше предизвикан од новиот бран американски санкции насочен кон руските Лукоил и Роснефт, при што имаше и забрана за вршење трансакции со картичките Виза. Како и насекаде низ Европа, така и бензинските станици на Лукоил во Македонија беа опфатени со таа мерка. Кон санкциите се пристапи со цел да се натера Русија да ја прекине воената агресија врз Украина.