Американската технолошка компанија Мајкрософт денеска соопшти дека ќе отпушти три проценти од своите вработени на сите нивоа и географски подрачја.

– Продолжуваме да спроведуваме неопходни организациски промени за најдобро да ја позиционираме компанијата за успех на динамичниот пазар, вели портпаролот на Мајкрософт во изјава за „Си-ен-би-си“.

Технолошкиот гигант на крајот на јуни имаше 228.000 вработени ширум светот, што значи дека отказ може да добијат и повеќе од 7.000 вработени на „Мајкрософт“.