Земјава до сега има имплементирано околу 30 % од реформите на патот кон евроинтеграциите покажуваат истражувањата на Институтот за демократија . По сектори најмногу напредува министерството за дигитална трансформација а најмалку секторот правда и фундаменталните вредности . Сепак од институтот велат дека очекуваат најголем дел од реформите да бидат исполнети оваа година бидејќи рокот е до 2027 иако има грејс период и од една година плус кога се во прашање оние 750 милиони евра кои земјата ги доби од ЕУ.

Неизоставен дел на реформскиот пат е и биснис климата која според познавачите мора да биде поставена на многу повисоко ниво а тоа подразбира дека мора да се создадат услови за привлекување на поголеми инвестиции. Од планот за раст до сега направени се мали чекори и беше донесен само Законот за трговски друштва . Од Бизнис конфедерацијата во земјата укажуваат на тоа дека Македонија мора да воспостави и повеќе трговска соработка со земјите од регионот кои се членки на ЕУ а не да биде само нем набљудувач на состојбите .

Во време кога случувањата на Блискиот исток ги диктираат цените и на нафтата и дериватите дел од бизнис заедницата оценуваат дека мерката на премиерот за намалување на ДДВ то е краткорочна и оценуваат дека можеби подобра мерка би било намалувањето на акцизите . Следно на што ќе влијаат случувањата во светот е поскапувањето на храната и услугите кое веќе и низ примери во секојдневието се гледаат.