Денес во седиштето на Македонската банкарска асоцијација (МБА) ќе се одржи церемонија на доделување признанија на учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од основното училиште „Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп. Тие на 23 мај во Брисел триумфираа со освојувањето на второто место на Европскиот квиз на пари 2025, интернационален натпревар кој ја промовира финансиската писменост кај младите.
Министерството за образование објави дека на свеченоста ќе биде присутна и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Европскиот квиз на пари е проект за финансиска едукација на ученици на возраст од 13 до 15 години на Европската банкарска федерација и се одржува од 2017 година.