Компанијата „Мерцедес“ ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, со капацитет од 300.000 возила годишно, изјави министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Фабриката се гради во градот Кечкемет и, според Сијарто, ќе почне со производство на целосно нови модели со најсовремена технологија веќе во првиот квартал од 2026 година.

„Со оваа инвестиција, вкупното годишно производство на автомобили во Унгарија ќе достигне еден милион“, нагласи Сијарто, додавајќи дека „Мерцедес“ е стратешки партнер и дека Унгарија ја користи економската нестабилност како шанса за зајакнување на индустрискиот капацитет.