Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки…
Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании.
Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.
Во Буџетот за 2025 година за поддршка на домашната економија и домашните компании се проектирани вкупно 250 милиони евра. Досега се префрлени кон домашните компании пет транши во вкупен износ 171,1 милиони евра. Средствата за поддршка на домашната економија беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат средства по поволни услови за реализација на инвестиции во приватниот сектор. Досега искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании е 68%.